У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
Тв Филм-Табакерата (1972 година) е посветен на Македонскиот Револуционер и национален борец за слободата на Македонија и Македонскиот народ од Османлиско ропство,Гоце Делчев.
Филмот е направен според вистинска случка.
Гоце Делчев(1872 -- 1903) е роден во Кукуш,Егејска Македонија,од родители Македонци,Никола и Султана Делчеви.
Гоце Делчев бил еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ. Идеолог, организатор и водач на Македонската револуционерна организација. Нејзин уставо творец, создател на четничкиот институт - воспитувач на првите чети и војводи и задграничен преставник.
Убиен е со чин на предавство во селото Баница каде што преноќевал со неговата чета,утрото на 4 Мај 1903 година бил опколен од турскиот аскер и убиен.
Сега почива во главниот град на Македонија,Скопје во црквата свети Спас.Неговата последна желба била да почива во главниот град на самостојна Македонија.