Aero Miting 3
Aerodrom Logovardi Bitola
17-18.09.2010
Меѓународен аеромитинг во битолско Логоварди
Битола, 18 септември - На спортскиот аеродром во битолското село Логоварди, денеска ќебиде отворен Третиот меѓународен аеромитинг организиран од аероклубот „Мирко Тодоровски" од Битола.
Воздухопловниот ВИНГ на Армијата на Република Македонија ќе учествува на аеромитингот со два хеликоптера Ми--8 и Ми-24, два авиона од типот ЗЛИН 242Л и со еден авион од типот АН2, а Министерот за одбрана, Зоран Коњановски че го отвори митингот.
„Припадниците на ВИНГ ќе демонстрираат акробации и маневарски летови со хеликоптерите, како и дел од тактичките процедури при извршување задачи", соопшти Министерството за одбрана.
На првиот ден од аеромитингот ќе се одржи смотра на сите воздухоплови, ќе има надлетување над Битола, формациски летови, скокови со падобрани, акробациски летови, а утре се предвидени слободни активности и панорамски летови над Битола.