Saturday, 20 September, 2025г.
russian english deutsch french spanish portuguese czech greek georgian chinese japanese korean indonesian turkish thai uzbek

пример: покупка автомобиля в Запорожье

 

Најава [пАлистер - ВАРДАР (07.11.2012)]

Најава [пАлистер - ВАРДАР (07.11.2012)]У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
Комити скопје го прогласуваат 07.11.2012 за неработен ден, по повод натпреварот од купот на Македонија помеѓу Пелистер и Вардар. Сите кои сакаат да патуваат на овој натпревар ги повикуваме на Железничката станица во Среда во 09.00 часот да тргнеме кон Битола. По пат убаво ќе се загрееме и во Битола тргаме во навивачки поход. Ова гостување најверојатно ќе се одработи со воз како во старите добри времиња, така да повик до сите постари Комити да земат учество. Еден слободен ден или неколку прерипнати школски часови не ни може да се споредат со ден поминат со екипата. Апел до сите да го одвојат токму овој ден во оваа година и доколку не ги искористиле своите слободни денови да го сторат токму тоа во Среда. Загарантирано е добро дружење, алкохол и машки муабети, како и добро навивање, кореографија, баклијада... Овој натпревар ќе биде најголема најава и увертира за тоа што ќе се случува за 25годишнината на Комити која ќе биде прославена некоја недела подоцна. Нека не ни биде императив Пелистер и комплексот на нивните Чкембари, напротив ние одиме да навиваме за Вардар, но и да ја одбраниме честа на Скопје. Повик до сите да одвојат малку време од својот викенд за да ја одработат нивната задача дадена од навичачката група. Споделете го плакатот, видеото, овој текст, учествувајте во дискусијата на нашиот форум, свртете неколку телефони, мобилизирајте ја вашата маалска екипа, спремете го вашиот шал,дукс или транспарент и екипо одиме за Битола. 100% навивачки живот овие неколку дена. Посветени 24/7 https://www.facebook.com/events/374622659280976/
Мой аккаунт