На вратата на Д-р Владимир Трајковски неретко затропуваат Ромки за бесплатен преглед
Во Младинскиот центар „Сакам да знам“–Шуто Оризари ги прегледува, но и ги советува жените
Трајковски веќе 8 години соработува со ХЕРА
- Идејата на оваа организација што функционира, практично е да се развие свеста за сексуално преносливите болести, не само кај маргинализирани лица туку и оние коишто едноставно живеат од таа сексуална работа...Како лекари мислам дека сите треба да не ги двоиме пациентите по ништо. Едноставно да си ја работиме работата и пациентот е секогаш ист, пациент е пациент без разлика на било која друга разлика, Д-р Владимир Трајковски (спец. гинеколог акушер)
Д-р Александар Блажевски е вклучен во Програмата за поддршка на сексуални работници
15 години е во здравството и соработува со ХОПС
ХЕРА и ХОПС со години нудат бесплатни гинеколошки прегледи на територијата на Скопје
- Кога ќе ги лоцирате проблемите и ќе се обидете да направите нешто во врска со тоа, во следниот момент треба да имате опстојување на тие програми и проекти или веќе што ќе правите. Ако вие само промовирате нешто и направите една дупка, ги научувате луѓето на нешто и после тоа им го одземате. Се обидувате да им помогнете, а после тоа ги оставате на улица, ништо не сме постигнале, Д-р Александар Блажевски (спец. гинеколог акушер)
Во ординациите на овие доктори нема место за дискриминација