У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
Театарската претстава „Малиот принц" се реализира како една од активностите за одбележување на јубилејот - 50 години активно делување на РЦПЛИП - ПОРАКА.
Претставата се одржа на 9-ти јуни 2013 година на Малата сцена на Македонската опера и балет.
Сите актери во театарската претстава „Малиот принц" се лица со интелектуална попреченост -- корисници на дневниот центар -- ПОРАКА Скопје.
Целта на театарската претстава е да се истакнат можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост и да се придонесе за нивна афирмација како еднакви граѓани во нашето општество.
Претставата беше реализирана во соработка со Театар „Пи", чии членови -- професионални актери работеа со корисниците на подготовката на претставата, а целата активност е поддржана од Градот Скопје и Македонската опера и балет.