Локвата и Вињари
Поема на Лазар Поп Трајков во изведба на Сашко Коцев 3
изв. од документарниот филм за Васил Чакаларов
Планинскиот живот е пеколен, браќа,
и борба да водиш со тиранот — тешко,
но блазе му којшто без зазор се враќа,
до крајот да води сражение жешко.
Па држи се, чето, со последни сили,
ти одбор си, чето, од народов мачен,
и крвта што тече во твоите жили
за слобода дај ја и за живот зрачен.
Во животот ропски, во страшниот пекол
не, никогаш нема никој да не врати;
а работа чесна го сакаме веков,
имињата славни почит да ги злати.
http://documents-mk.blogspot.com/2012/05/blog-post_30.html