Нема добар систем за лекување на зависниците од дрога
У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
И по повеќе од две децении откако беше воведен третман за лекување на зависниците од дрога, работите тапкаат во место. Најголем дел од нив остануваат на улица. Едвај 10% од нив се вклучени програмата за лекување со метадон, која што од неодамна повторно е отворена за прием на нови пациенти. Сепак, појаснуваат од Центарот за заштита и третман на зависници во „Кисела Вода", се чини тешко дека ќе има место за сите што ќе побараат метадон.