Thursday, 18 September, 2025г.
russian english deutsch french spanish portuguese czech greek georgian chinese japanese korean indonesian turkish thai uzbek

пример: покупка автомобиля в Запорожье

 

„КРИКОВИ ОД НЕИСКОПАН ГРОБ" - промоција - 3

„КРИКОВИ ОД НЕИСКОПАН ГРОБ" - промоција - 3У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
Промоцијата на најновата стихозбирка од Иван Антоновски се одржа на 30.1.2013 година. На оваа промоција пред многубројните присутни читатели во мултимедијалниот изложбен центар „Матица ексклузив", помеѓу другото, проторот проф. д-р Кристина Николовска истакна: „Поезијата на Антоновски развива вкусна метаполемика со големите „адреси„ на светските великански дела", за потоа да констатира: - Оваа книга со самата себе, со своето поетско тело ни ветува дека грижно ќе ја чува вертиката на современата македонска поезија. Со себе. Преку самата себе. Поетска енергија. Ете тоа донесува оваа книга. И покрај морбидните, мрачните и гробни теми .Богата и иновативна лексика. Провоцирање на најсложените стилски искуства. Чувство за композиција. И на песна, но и на поетски циклус, сплотен во стохозбирка. Акрибичен, до перфекција грижлив однос кон својот дискурс. Внимателен и иновативен приод кон јазичната материја, која се искушува на страотни тематеми. Сериозноста на приодот кон високиот поим -- македонска поезија. И воопшто -- поезија. Студиозен однос кон поезијата. Култивиран однос -- кон самите себе. Поетскиот глас на Антоновски е рано созреан, свој и доволно акустичен за да се рамни со големите писма на нашата поезија на 20 и 21 век. Поетскиот зафат, визија и план, се далекусежни по својот резултат, оти добиваме конкретни поетски резултати кои може да ја претставуваат нашата уметност во светот. Нека не се грижи главната вертикала на славната современа македонска поезија, оти младиот мудар поет, Иван Антоновски, грижно ја длаби, резба и чува основната патека на нашата поезија." Кон завршницата на промоцијата, беше констатирано: „Промоција значи „унапредување". Но, вечерва ние не го унапредуваме поетот, туку тој не унапредува -- нас. Покренати, воскренати, позвишени сме - ние. Блескава поетска енергија! -- Да ја славиме! Да го славиме и (благо)словиме ова слово!"
Мой аккаунт