Friday, 03 October, 2025г.
russian english deutsch french spanish portuguese czech greek georgian chinese japanese korean indonesian turkish thai uzbek

пример: покупка автомобиля в Запорожье

 

Ѕвездан Георгиевски во разговор со Бранка Костиќ-Марковиќ во „Литература.мк“: „Астрорум“

Ѕвездан Георгиевски во разговор со Бранка Костиќ-Марковиќ во „Литература.мк“: „Астрорум“У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
„Астрорум“ e место за разговори, каде што меѓународно успешни личности ги споделуваат своите размисли за литературата, уметноста и културата. Тие се одржуваат во инспиративниот амбиент на ексклузивната книжарница „Литература.мк“ во центарот на Скопје на познатата улица „Македонија“, а нив ги води еминентниот новинар и музиколог Бранка Костиќ-Марковиќ. Во ова издание на „Астрорум“ гостува истакнатиот македонски новинар, колумнист, писател и преведувач, Ѕвездан Георгиевски. Роден е во 1961 година во Јесенице, Република Словенија. Интердисциплинарни студии по новинарство завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1983 година, а како новинар и уредник работел во повеќе дневни и неделни весници. Toj e eден од основачите на првото приватно радио во Македонија „Канал 4“, како и на наградата „Роман на годината на Утрински весник“. После згаснувањето на „Утрински весник“ кадешто е многугодишен успешен уредник на културната редакција, тој заедно со неколкумина колеги-искусни новинари и уредници во весникот, Бранко Тричковски, Ерол Ризаов, Манчо Митевски, Љупчо Поповски и Катерина Богоева), ја формира Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, со ќерката на писателот Славко Јаневски, Јана Јаневска Терзиоска, како претседател на Управниот одбор. Фондацијата, основана минатата година, делува на неколку пункта, а едни од главните се продолжување на традицијата на доделување на наградата „Роман на годината“ и негување на творештвото на Славко Јаневски, авторот на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени“. Романот објавен во 1952 година, се смета за прво издание од овој литературен жанр објавено на современ македонски јазик и на современ македонски правопис. Преработената верзија на романот е објавена во 1965 год. под насловот Стебла и заедно со првичното издание се практично непознати за македонската научна, но и поширока јавност. Оттука, Фондацијата „Славко Јаневски", со поддршка од Министерството за култура на Р.М и од Арс Ламина Публикации, неодамна публикуваше уникатно издание коешто ги содржи двете верзии на романот.
Мой аккаунт