У вашего броузера проблема в совместимости с HTML5
~~~~Македонска народна музика~~~~
Абер дојде Донке
Абер дојде Донке од кулата
од кулата Донке од агата.
Да ги збираш Донке аргатите
аргатите Донке, невестите.
Ќе жнееме Донке куси јачмен
куси јачмен Донке до колена.
Они ќе јадат Донке лук и оцет
ти ќе јадеш Донке рудо јагне.